Од single-origin еспресо до домашни освежувачки пијалоци и вечерни коктели, со музика од плочи, во реконструиран дел од старата трикотажа Пелистер.
Секое зрно е избрано за карактерот што го носи. Служиме еспресо и филтер кафе од шест потекла, секое со свој профил на вкус.
Кафето го печеме сами, во мали серии, без адитиви. Затоа е секогаш свежо и една од најздравите опции во градот.
Кликни на потекло за детали
Tigre CafeBrazilHonduras Columbia
60% Brazil за кадифено тело, карамел и ореви, 20% Honduras за чоколадо и лесни цитруси, 20% Columbia за жива свежина. Печено кај нас, во мали серии, како основа на нашето еспресо и кафињата со млеко.
Алтернативни млека. Кафето го правиме со свежо млеко, а по желба со соино или бадемово.
Без палмино масло. Кафињата ни се без палмино масло. Здрава чаша, чиста совест.
TIGRE живее во еден полу-заборавен агол од старата трикотажа Пелистер во Битола, каде индустриската архитектура се среќава со мирна, топла атмосфера. Ништо не е принудено, ниту преуредено до совршенство, само простор оставен да дише.
Од утринско еспресо до вечерен коктел, TIGRE расте заедно со луѓето што го посетуваат, домаќин е на настани, музички вечери и обични попладниња.
Зад секоја добра чаша стои искуство и внимание на детали. Квалитетно потекло и грижа за секој чекор, еве зошто илјадници гости ни веруваат секое утро.
Без разлика дали пиеш еспресо, филтер или омилено утринско кафе, нашата мисија е едноставна: да ти доставиме извонреден квалитет во секоја чаша. Од внимателно избрани потекла до сопствено печење, сè што правиме е насочено кон кафе кое ќе сакаш да го пиеш секој ден.
Погледни мениВо старите ѕидови на Трикотажа Пелистер, каде што со години се слушале машините, чекорите и гласовите на работниците, се родила една тивка љубовна приказна.
Тие биле двајца работници. Секој ден доаѓале во својата работничка облека, со уморни лица и раце навикнати на работа. Меѓу метежот на фабриката, погледите им се среќавале сè почесто. На почетокот биле само кратки погледи, потоа насмевки, а на крајот, нешто што не можело повеќе да се сокрие.
Еден ден, по завршувањето на работната смена, двајцата излегле заедно од фабриката. Надвор веќе се спуштала ноќта, а светлата ги осветлувале старите ѕидови на Трикотажа. Облечени во истата облека во која работеле цел ден, конечно биле слободни да бидат само тие двајца млади што се пронашле еден во друг.
Во тој момент, светот околу нив како да застанал. Тој ја прегрнал, а таа му се доближила и го бакнала. Нивниот бакнеж потсетува на „Бакнежот“ на Густав Климт, симбол на љубовта што ги надминува времето, работата и секојдневието.
Нивната приказна останала на ѕидовите, како спомен од едно време кога Трикотажа Пелистер била полна со живот. Денес фабриката можеби е тивка, но на еден стар ѕид сè уште стојат тие двајца, замислени во моментот кога работниот ден завршил, а започнала нивната љубов.
Бакнежот на двајцата работници не е само приказна за љубовта. Бакнежот е приказна за луѓето, за трудот и за спомените што остануваат дури и кога времето ќе помине.
Муралот е дело на Ѓорги Димитров, Жоро.















“Beautiful location with a stylish industrial vibe. It’s spacious, has great coffee, and the staff are super friendly. Huge plus for the convenient parking! Highly recommended for anyone who loves industrial-style cafes.”
“Beautiful and stylish cafe, just right outside the city centre of Bitola.”
“Definitely the best place in the town to drink coffee, beer or cocktail! 10/10”
TigrePremium Coffee